Малолетничко насилство со етнички мотиви во Тетово – родители алармираат дека на Тик-Ток се шири предизвик преку кој се објавуваат видеа од тоа како деца од албанска националност малтертираат врсници од македонска и сето тоа се објавува во групи на социјалните мрежи. Родителите се револтирани, велат дека нападите се брутални и оставаат последици, па затоа ако треба нивните деца да излезат некаде, тие мораат да ги придружуваат. Тоа се случувало најчесто денски, во период на настава...Напаѓачите според сведоштвата биле на 13-14 годинишна возраст, а пресретнувале помали соученици, претежно машки, но родители сведочат дека пресретнато било и девојче, кое било натерано да каже: „Јас сум балистка“.