Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавите на претставникот на Форумот за образовни промени, Бленди Ходаи, за субвенционираниот студентски оброк, рече дека бил непријатно изненаден и шокиран од начинот на кој, како што оцени, биле навредувани редовни професори. Тој посочи дека и самиот, како претседател на Владата, и министерката за образование и наука Весна Јаневска се редовни професори и дека во текот на годините им помогнале на многу генерации студенти да стекнат знаење, кои им било потребно во животот. Како професор, редовен универзитетски педагог и родител, можам да кажам дека бев непријатно изненаден и, би рекол, шокиран бидејќи на тој начин да се навредуваат, како што тој го направи, редовни професори, бидејќи и министерката за образование и јас како претседател на Владата сме сепак редовни професори и генерации и генерации студенти сме помогнале да стекнат знаење, кое понатаму им требало во животот и за нив и за нивните семејства, во најмала рака е непристојно – изјави Мицкоски.