Премиерот Христијан Мицкоски денеска на собраниската седница за пратенички прашања ги отфрли обвинувањата на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, за наводни врски меѓу актуелната власт во Македонија и политичките случувања во Србија, оценувајќи дека станува збор за лаги и политички конструкции. Осврнувајќи се на претходните обвинувања на опозицијата за неговите односи со унгарскиот премиер Виктор Орбан, Мицкоски рече дека по шест месеци, наместо најавуваните скандали, потврда за соодветното користење на средствата е денешниот извештај на Државниот завод за ревизија за унгарскиот кредит. Овие прес-конференции што ги пренесува вашата политичка партија, а се однесуваат на изборите во Србија и нивното поврзување со нас, во контекст на тоа кој чиј и каков ментор бил, нема да ги коментирам.