Мешаните боречки вештини (MMA) се враќаат овој викенд со еден од најважните настани на годината, UFC-333, каде што ќе се одржат два дуела за светска титула. Настанот ќе се одржи во Абу Даби и вкупно има 14 борби. Во „перо категорија“ (тежина 66 кг), актуелниот светски првак, Австралијанецот со македонско потекло Александар Волкановски (28 победи, 4 порази) ќе ја брани титулата против непоразениот Русин Мовсар Еволев (20 победи досега). Во бантам категорија“ (тежина 61 кг), Русинот Петр Јан (20 победи, 5 порази) првпат ќе ја брани титулата во овој дивизион, која ја освои во декември минатата година.