На вонредната седница на Советот на Општина Пробиштип, советникот од Левица, Стефан Митевски отворил прашање кое,… На вонредната седница на Советот на Општина Пробиштип, советникот од Левица, Стефан Митевски отворил прашање кое, како што велат од опозициската, ВМРО-ДПМНЕ очигледно сака да го турне под тепих – кој и зошто му ја подготвува иднината на Пробиштип како нова рударска зона. Од Левица велат дека рудникот „Плавица – Црн Врв“ е даден под 30-годишна концесија, а формалниот концесионер денес е 100% во сопственост на австралиската Genesis Resources Limited. Митевски побарал „Плавица“ целосно да се избрише како рударска зона од Нацрт-просторниот план до 2040 година, како и да не се создава планска основа за нов рудник, флотација и ново јаловиште.