Фановите на Барселона уживаат во фантастичниот старт на сезоната на Рафиња, а Бразилецот во последното интервју открил дека бил многу блиску до разделба со шпанскиот клуб. Рафиња признал дека пред две лета веќе размислувал за нова средина, но клучен бил потегот на новиот тренер Ханси Флик. Летото во 2024 година сметав дека мојата авантура во Барселона е завршена, сакав да заминам и веќе размислував во таа насока, – рекол Рафиња, кој во тие моменти бил на одмор по настапот на Копа Америка, но добил повик од Флик.