Француската фудбалска репрезентација ја започна ерата под водство на новиот селектор Зинедин Зидан, кој треба да ја продолжи традицијата според која „триколорите“ постојано се во конкуренција за трофеите на големите натпреварувања, иако последен пат се израдуваа на трофеј во 2018 година. Зидан полека вклучува и дел од помладите фудбалери кои се наметнаа со своите клупски настапи, а меѓу нив е и дефанзивецот Жереми Жаке, кој веќе си обезбеди трансфер во Ливерпул. Жаке има само 21 година, но веќе импресионираше со своите настапи во тандем со Вирџил ван Дајк, а легендарниот Тјери Анри вели дека не е изненаден од пробивот на дефанзивецот.