Во изминатиот период реализирани се и започнати бројни проекти во Радовиш во… Во изминатиот период реализирани се и започнати бројни проекти во Радовиш во инфраструктурата, образованието, спортот, културата, животната средина и локалниот економски развој, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Во тек е реализација на договор за уредување на јавни површини, поставување на бекатон во градот Радовиш и населените места, завршена е реконструкцијата на улицата „Ванчо Прке“, се реализираа активности поврзани со регулацијата на Ораовичка Река, во село Воиславци се реализираше регулацијата на поројот и изградбата на улица по трасата на поројот, при што проектот влезе во завршна фаза, продолжи изградбата на обиколницата „Малешевски пат“ кај село Подареш. Во период од една година во Радовиш посебен фокус е ставен на младите, со субвенции за возачки дозволи и велосипеди, униформи за првачиња, поддршка за матурантите и ослободување на младите до 35 години од комуналии при изградба на нов дом.