Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа 22:22, а ланскиот суперлигаш во финишот се спаси од пораз, благодарение на голот на Филип Костадинов. Домаќинот подобро влезе на мечот и градеше посериозна предност плус четири на 8:5 и 9:5, а Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа 22:22, а ланскиот суперлигаш во финишот се спаси од пораз, благодарение на голот на Филип Костадинов. Домаќинот подобро влезе на мечот и градеше посериозна предност плус четири на 8:5 и 9:5, а до крајот на првиот дел Радовиш намали на минус еден при 13:12. Во вториот дел Радовиш го презеде водството и имаше контрола, но без сили резултатски да се одлепи имаше два гола предност при 17:19, а финишот беше вистинска драма.