Екипите кои се дел од групата два во женска кадетска конкуренција, викендов ги одиграа првите турнири во своите групи. Клубовите од Струмица, Тетово, Гостивар, Валандово и Куманово беа домаќини на воведните натпревари во оваа конкуренција кај девојчињата. Одбојкарките на Ускана, Бами Кор, ГОК Борец жени, Феникс Волеј, Виола Волеј и Куманово имаа максимален учинок во своите групи по одигрувањето на првите натпревари.