Англиската Премиер лига ни го носи седмото коло, коло кое ќе биде отворено со средбата во Ливерпул меѓу Евертон и Челси, а затворено в понеделник во Лондон со дуелот Тотенхем-Ковентри. Дерби во оваа рунда нема, меѓутоа тоа не значи дека нема да биде занимливо, возбудливо на сите соочувања. Доста екипи беа активни во европските купови и секогаш кога по нив следуваат домашни предизвици тоа знае да биде незгодно, сериозен предизвик и останува да се види како тие клубови ќе се снајдат особено оние кои не се навикнати на таков ритам како Брајтон, Сандерленд и Борнмут, плус Кристал Палас.