Од засега непознати причини, веројатно поврзани со регистрација, ТФТ Скопје настапи со шест кошаркари, сите Македонци. Смилковски на располагање ги имаше Матеј Митревски, Тома Стојаноски, Ѓорѓи Цветковски, Страхил Николов, Григориј Ѓорѓевиќ и Димитар Иванов. Странските засилувања отпатуваа во Тузла, но не можеа да настапат, не беше ниту најавеното засилување Отас Ијекекполор.