Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски, го објави списокот на повикани фудбалери за претстојните натпревари против Шкотска (13.11.) и Словенија (16.11.) од УЕФА Лигата на нации. Македонија на 13. ноември игра против Шкотска во Глазгов, по што следува домашниот натпревар со Словенија на 16. ноември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Седлоски се одлучи за список од 26 фудбалери, меѓу нив напаѓачот на Шкендија, Марко Ѓорѓиевски, а повратници во составот се Дарко Чурлинов, Имран Фетаи, Стефан Деспотовски и Никола Серафимов.