Минатата ноќ во НБА лигата понуди четири натпревари во кои Мемфис Гризлис ја задржаа перфектната низа, Њу Орлеанс Пеликанс конечно стигнаа до првиот триумф, а Лејкерси рутински го добија градското дерби. Екипата на Лос Анџелес Лејкерс по вторпат во само една недела славеше над градскиот ривал Клиперс, овој пат со убедливи 103-87. Иако настапија без нивната прва ѕвезда Лука Дончиќ (проблеми со грбот), Лејкерси одиграа тимски и имаа дури шест кошаркари со двоцифрен учинок. Клиперси одлично го отворија третиот период и со серија од 12-2 ја намалија негативата на седум поени, но Лејкерси брзо возвратија со фуриозни 27-15. Клучен во тие моменти беше резервистот Колин Секстон кој врза 11 поени по ред (вклучувајќи две тројки). Најефикасен кај победниците беше Квентин Грајмс со 23 поени, Секстон додаде 21, додека Остин Ривс заврши со 16 поени.