Вчера во 10. коло од Евролигата, а на програмата беа пет натпревари. Париз приреди изненадување во Истанбул, Фенербахче убедливо ја совлада Басконија, а Барселона и Баерн стигнаа до драматични победи на гостински терен. Кошаркарите на Париз славеа на гостувањето кај Анадолу Ефес со 95:90 (23:26, 19:10, 24:34, 29:20). Францускиот тим одигра одлична завршница и му го нанесе шестиот пораз на составот на Пабло Ласо во досегашниот тек од натпреварувањето.