Гувернерот на НБРМ, Трајко Славески и НБРМ како правен субјект задолжен за монетарната политика, контрола, надзор на банките, со сето она што го изнесоа во медиумите, како факти и аргументи дека таму нема ни најмали индиции за било каков криминал, е потполно во право што поднесе таква иницијатива во кривичните пријави против сите оние кои ширеа паника и страв меѓу граѓаните со цел да ја нарушат стабилноста на монетарната политика во Република Македонија, истакна безбедносниот аналитичар и поранешен началник, Љубомир Ѓурчески, во НАТКАСТ на КУРИР. Јас верувам дека ова што сега го прави опозицијата, е само обид за дефокус на граѓаните. Да ги дефокусираат од вистинскиот проблем кој тие го создадоа.