Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Делчево доби нов, поуреден и пофункционален изглед… Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Делчево доби нов, поуреден и пофункционален изглед со поставувањето на 1.180 нови столчиња, донација од Фудбалската федерација на Македонија. Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, изрази благодарност до претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, и до Фудбалската федерација на Македонија за донацијата и поддршката, истакнувајќи дека со поставувањето на новите столчиња стадионот добива изглед каков што заслужува. Посебна благодарност упатуваме и до општествено одговорните фирми, како и до сите луѓе кои доброволно се вклучија и помогнаа во поставувањето на столчињата.