Штип УГД е победник на Супер купот 2026 во одбојка во машка конкуренција откако во финалето ја совлада екипата на Борец од Велес со 3:0 (25:15, 25:16, 25:15). Супер купот се играше во Тетово, а со одлука на Одбојкарската федерација од оваа година ќе се игра пред почетокот на сезоната во рамки на Меморијалниот одбојкарски турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“. Противниците играа рамноправно се до средината на сите три сета. Борец на моменти имаше и два до три поени предност, но клучна беше подолгата клупа, поголемиот искусен избор во ротацијата и искуството во редовите на штипскиот тим, соопшти Одбојкарска федерација на Македонија.