Возачот на KTM Racing, Педро Акоста, триумфираше на спринт трката одржана во рамките на Големата награда на Малезија, 19-тата трка од овогодинешното првенство на МотоГП. Шпанецот ја забележа својата втора спринт победа на „Сепанг“, со малку повеќе од половина секунда предност во однос на Марк Маркез на Дукати. На третото скалило на подиумот се најде возачот на Априлија, Марко Бецеки, кој беше седум десетинки поназад.