„Младите ракометари на Младост 1977 ја започнаа сезоната со победа над Феникс со убедливи 7:23. Во второто коло, на домашен терен, беа подобри и од МРК Куманово, совладувајќи го со 24:11. Успешната серија продолжи и во третото коло, кога богданчани славеа на гостувањето кај Либра во Валандово со 12:29. Во четвртото коло, пред својата публика, забележаа уште една убедлива победа, овојпат над Вардар со 28:16. Петтата победа пристигна во последното одиграно коло, кога Младост 1977 на гостински терен го совлада Илинден Вардар со 16:25. Со тоа, пионерите од Богданци ја продолжија својата победничка серија и по пет натпревари остануваат без пораз.