По завршувањето на европските обврски, ракометарите на Вардар 1961 ги очекува најголемиот домашен предизвик, големото дерби против Еурофарм Пелистер. Предводникот на „црвено-црните“, Иван Чупиќ, пред дуелот во Скопје отворено ја презеде фаворитската улога, но предупреди на специфичниот стил што го негува ривалот од Битола. „Секој натпревар е приказна за себе, а дел од нашите играчи за првпат ќе почувствуваат какво е ова балканско дерби.