Германскиот тенисер Александар Зверев се квалификуваше во осминафиналето на турнирот во Пекинг, откако го победи 39-от играч во светот, Британецот Камерон Нори, по два сета, со 7:6, 6:4. Во првиот сет немаше брејк и се играше тај-брејк, кој Зверев го доби со 7:1. Во вториот сет, Зверев направи брејк во десеттиот гејм и по првата. Германскиот тенисер Александар Зверев се квалификуваше во осминафиналето на турнирот во Пекинг, откако го победи 39-от играч во светот, Британецот Камерон Нори, по два сета, со 7:6, 6:4. Во првиот сет немаше брејк и се играше тај-брејк, кој Зверев го доби со 7:1. Во вториот сет, Зверев направи брејк во десеттиот гејм и по првата меч-топка се квалификуваше во осминафиналето. Тој ќе игра против победникот од дуелот помеѓу локалниот играч Јунчен Шан и Аргентинецот Себастијан Баез.