Вториот и третиот носител на АТП турнирот од серијата 500 во Виена, што се игра за награден фонд од 2,79 милиони евра, се пласираа во четвртфиналето. Шпанецот Карлос Алкараз вечерва се соочи со сериозен отпор од Грузиецот Николоз Басилашвили во вториот сет, но на крајот победи со 6-1, 7-6(11). Од друга страна, Русинот Данил Медведев мораше да спасува меч-поен против Британецот Камерон Нори, пред да обезбеди победа од 4-6, 6-3, 7-6(1) по два часа и 31 минута игра. Алкараз во следното коло го очекува дуел против Американецот Томи Пол, додека Медведев ќе се соочи со Французинот Адриан Манарино.