Треторангираниот тенисер на АТП листата, Шпанецот Карлос Алкараз ќе настапи на овогодишниот турнир во Виена, кој ќе се одржи од 26 октомври до 1 ноември, а тоа ќе биде негово враќање во австриската престолнина по пауза од пет години, објавија денеска организаторите. Алкараз во последен момент ја донесе одлуката да настапи на АТП турнирот во Виена, откако беше одложен ревијалниот турнир со богат награден фонд во Саудиска Арабија, кој требаше да се одржи од 21 до 24 октомври. „Сè се случи многу брзо, Карлос ја прифати поканата да дојде во Виена без двоумење откако беше одложен турнирот во Саудиска Арабија.