Отворените прашања меѓу Црна Гора и Хрватска треба да се решаваат преку дијалог и добрососедски односи , без забавување на процесот на европски интеграции, изјави црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ по денешната средба со словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар во Љубљана. Според соопштението од неговиот кабинет, двајцата разговарале за словенечкото искуство во пристапувањето во Европската унија и за начините на надминување билатерални предизвици во тој процес, пренесоа RTCG и агенцијата Анадолу. Јаков Милатовиќ и Наташа Пирц Мусар, Фото: Кабинет на претседателот на Црна Гора / RTCG.