Дербито на Лос Анџелес синоќа се играше во Калифорнија, а Лејкерс победија, иако Лука Дончиќ имаше, во најмала рака, чудна партија. Словенечкиот бек имаше двоцифрена загуба на топки за прв пат во својата НБА кариера, единаесет, и забележа негативен дабл-дабл учинок, бидејќи додаде и 23 поени (8/21 шут од поле). Лука немаше многу среќа ниту со тројките, бидејќи погоди само две од осум, но покрај себе го имаше расположениот Остин Ривс, кој беше најефикасен со 28 поени и девет асистенции. Дончиќ додаде и шест скока и седум асистенции, додека Вокер Кеслер постигна 22 поени и освои осум топки.