Општина Дојран доби нова механизација за одржување на јавните површини на подрачјето на целата општина, информираат општинските власти. Во новата опрема обезбедена со поддршка од Министерството за локална самоуправа, во вкупна вредност од 4.000.000 денари, спаѓаат трактор, хидрауличен мулчер, мулчер со кардан, косилка, приколка и мини багер. Според надлежните во Општината, механизацијата ќе се користи за расчистување на бујната вегетација покрај главниот пат и кејот, одржување на улиците, како и за косење и уредување на тревните површини во сите населени места.