Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација оствари одличен настап на меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Србија опен 2026“, кој се одржа во Нови Сад, Србија. Во силна меѓународна конкуренција, 18 натпреварувачи од македонската федерација освоија вкупно 16 медали – четири златни, три сребрени и девет бронзени, потврдувајќи го квалитетот и потенцијалот на младите македонски таеквондо-борци. На натпреварот учествуваа 564 натпреварувачи од 14 европски земји: Македонија, Србија, Грција, Бугарија, Чешка, Молдавија, Босна и Херцеговина, Белгија, Словачка, Украина, Ирска, Италија, Франција и Хрватска.