„1.0 | 0 | 0Виница викендов беше домаќин на последното коло од Државното првенство во бадминтон за сезоната 2026, кое се одржа во спортската сала „Капетан Кирчо Димитриов“.
Како градоначалник, горд сум што нашиот град беше домаќин на еден ваков спортски настан, но уште поголема гордост ми претставуваат нашите млади натпреварувачи од БК „Винчини“, кои, покрај тоа што клубот постои релативно краток период, веќе покажуваат одлични резултати, голема борбеност и желба за напредок“, вели градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, во објава на својот ФБ профил.