Две жени од Скопје физички се пресметале по претходна расправија на подрачјето на општина Аеродром, информира Министерството за внатрешни работи. Според полицискиот билтен, случајот бил пријавен во СВР Скопје на 8 септември 2026 година во 13:30 часот. По претходна расправија, јавниот ред и мир бил нарушен со физичка пресметка помеѓу М.Ј.(38) и А.Г.(33), двете од Скопје.