Шерон Стоун отворено зборуваше за својот приватен живот, вклучително и за причините поради кои веќе „прилично долго“ време живее во целибат. Актерката номинирана за Оскар, која има 68 години, ја објасни својата одлука гостувајќи во поткастот „Breakdown“ на Мајим Бјалик во вторникот, 8 септември. Двете во разговорот допреа до бројни теми, меѓу кои искуството на Шерон Стоун со „вонземски топки“, нејзината актерска кариера, но и моменталната состојба во нејзиниот љубовен живот.