Хајди Клум веќе извесно време престојува во Париз, а причината е Париската модна недела, која собира бројни ѕвезди од светот на шоу-бизнисот. Познатата Германка имавме можност да ја видиме на модната ревија на бјути-брендот „Лореал“, каде со својот сензуален од ја освои модната писта, а сега повторно го привлекла вниманието на јавноста. За ревијата на Вивиен Вествуд, таа решила да облече впечатлива креација која ја следи линијата на телото и ја истакнала нејзината витка фигура.