Поранешниот ангел на Викторија Сикрет, Миранда Кер (43), повторно прошета по модната писта по речиси десет години пауза. Големото враќање се случи на Модната недела во Париз, на ревијата на Стела Макартни. Атрактивната манекенка носела фустан од колекцијата пролет/лето 2027, во нежна зелена боја, составен од два дела.