Душица Јаковљевиќ привлече големо внимание кај јавноста откако се огласи на својот Инстаграм-профил од Военомедицинската академија (ВМА), а сега со уште една фотографија ги збуни своите следбеници, кои помислија дека повторно направила операција на носот. Душица Јаковљевиќ сега за „Блиц“ откри како се чувствува откако на ВМА направила низа анализи, за што исто така ги извести своите следбеници на социјалните мрежи. „Немам проблеми со дишењето, тоа е сè во ред, одам на некои други анализи“, откри водителката, а потоа одговори и на прашањето дали направила естетска корекција на носот: „Врвот на носот ми падна.“ „Во последно време, со оглед на тоа што ми се спушти врвот на носот, го подигнувам со лепливи ленти.