Изборот на фустан на Лорен Санчез за свечената вечера кај Доналд Трамп предизвика бројни коментари на социјалните мрежи. Санчез, сопругата на Џеф Безос, присуствувала на настанот во Белата куќа организиран во чест на кинескиот претседател Шји Џинпинг, на кој присуствувале и истакнати американски бизнис-лидери. За таа пригода, 56-годишната Санчез носела црн фустан со откриени раменици и длабоко деколте од модната куќа „Александар Меквин“.