Планинарката Маја Дукова сподели видео од Клиника на кое се слушаат дерење и расправии, а во својата објава опишува хаос во лабораторијата, долги редици и непочитување на редот. Таа сведочи дека го чекала бројот 141, додека на екранот сè уште се покажувал бројот 90, а во меѓувреме постојано се појавувале луѓе кои се обидувале да завршат работа преку ред. Според неа, ситуацијата ескалирала кога еден маж се обидел да провери како се одвива редот, по што било повикано обезбедување, а вратата била заклучена.