Силвестер Сталоне се појавил на овогодишниот „PaleyFest“ (Пејли фест) во Њујорк, во придружба на сопругата Џенифер Флавин и најмладата ќерка Скарлет. Семејството во саботата, на 10 октомври, присуствувало на настан во музејот „Пејли“, посветен на серијата „Tulsa King“ (Кралот на Тулса), во која заедно глумат Сталоне и неговата ќерка, пишува магазинот „Хелоу“. За оваа пригода, 80-годишниот актер избрал син костум, додека неговата 24-годишна ќерка Скарлет блеснала во фустан во златна боја.