Кукувица, бумбар, морски папагал и еж ќе се најдат на новите банкноти на Банката на Англија, заменувајќи ги историските личности - вклучително и поранешниот британски премиер Винстон Черчил, соопшти денес Централната банка. Одлуката на идните банкноти да се прикажат автохтони животни наместо познати Британци, е донесена по јавна консултација во која речиси 500.000 луѓе гласале за избор од 18 животински видови. Британскиот мајски бумбар (со жолт врв на опашката) доби најмногу гласови, а по него следуваа кукувицата и европскиот еж. Црвената лисица и рибарчето (птица) добија повеќе гласови од морскиот папагал, кој сепак беше избран за да се обезбеди барем едно морско животно во дизајнираните нови пари.