Цената на златото денеска порасна за околу еден отсто, откако во понеделникот падна за речиси четири отсто. Според податоците на Ројтерс, една унца злато се продава за 4.157,39 долари. Во понеделникот цената падна на 4.110,55 долари за унца, а и покрај денешното закрепнување останува близу до најниското ниво од почетокот на август.