Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 септември. Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски Роден е во прочуена фамилија, сродна на персискиот царски дом на царот Арбатан и на ерменското царско семејство на царот Курсару. Кога овие две царски семејства завојуваа меѓу себе, Григориј се оддалечи во Кесарија Кападокиска, каде што прво ја запозна верата Христова, се крсти и се ожени.