Лионел Меси (39) наскоро ќе ја збогати својата колекција луксузни пловила со нов катамаран. Славниот аргентински фудбалер нарачал модел „Ultima 88“ од полското бродоградилиште „Sunreef“, а со тоа им се придружи на бројни познати личности кои веќе избрале пловила од овој производител, меѓу кои се тенисерите Рафаел Надал и Карлос Алкараз, двократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, како и поранешниот возач во Формула 1, Нико Розберг „Многу ми е драго што станувам дел од семејството на „Sunreef““, изјави Меси. „Моето семејство и јас отсекогаш сме сакале да поминуваме време на море секогаш кога ќе ни се укаже можност за тоа“.