Исклучително реткиот предмет, кој со децении бил во приватна колекција, има историја што ги поврзува Лондон, Шангај и обидот за создавање заедничка валута за меѓународна трговија, објави Тајмс оф Индиа. Монетата, позната како Трговска монета Кван Пинг, е искована во Лондон околу 1867 или 1868 година, во време кога трговијата меѓу Кина и странските трговци била попречена од различни монетарни системи. A post shared by THE VALUE (@thosankhobau) Монетата била продадена на аукција во октомври од страна на „Стекс Бауерс Галерис“ во Хонг Конг, а цената, вклучувајќи ја и провизијата на аукционерот, била најскапата ставка на аукцијата, каде што колекционерите потрошиле вкупно речиси 32 милиони долари.