Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Бранка НАЈДОВСКА за МИА Актерот Крис Петровски (1991 година, Битола), неодамна стана дел и од актерската екипа на хорор филмот на Netflix „The Boy in the Iron Box“, продуциран од Гиљермо дел Торо, заедно со Руперт Френд, Кевин Дјуран, Џејден Мартел...
„Уште растејќи на Нов Зеланд (каде што со своите родители се преселил како петгодишно дете), тој почнува да се занимава со актерство, но посериозно и се посветува на глумата кога на 18 години добил стипендија и се преселил во Лос Анџелес да студира актерство на Академијата за актерство „Стела Адлер“ (Stella Adler Academy of Acting), каде што подоцна и дипломирал.