Ања Тејлор-Џој беше меѓу истакнатите гости на ревијата на „Диор“ (Dior) за сезоната пролет/лето 2027 година за време на Модната недела во Париз, а за таа пригода избра комбинација што спојуваше класична елеганција со драматични и благо готски елементи, пишува „Кликс“. Актерката носеше полукратко миди-здолниште со крој од типот „молив“ и спуштен струк, коешто го искомбинира со црни чевли со штикла и зашилен врв. Сепак, централниот дел од нејзиниот изглед беше целосно проѕирна наметка од тантела, без градник, што на целата комбинација ѝ даде драматичен печат.