Меган Фокс овојпат не облекла костим на робот или демон, туку станала – лек за еректилна дисфункција. Актерката е заштитно лице на необична кампања во која, со доза хумор, зборува за тема за која мажите често не сакаат да разговараат. Во новата, малку разиграна кампања на здравствената компанија „Ro“, Меган Фокс го претставува „Ro Sparks“, нивниот лек на рецепт за лекување на еректилна дисфункција.