Поранешниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, и неговата сопруга Силија Флорес би можеле да се соочат со дополнителни обвиненија за тортура во САД, неколку месеци откако беа заробени од американските сили, објавија телевизиските мрежи Си-Би-Ес и Си-Ен-Ен. Новите обвиненија би можеле да бидат објавени денеска од страна на обвинителите во Њујорк, објави Си-Ен-Ен. Покрај постојните. Поранешниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, и неговата сопруга Силија Флорес би можеле да се соочат со дополнителни обвиненија за тортура во САД, неколку месеци откако беа заробени од американските сили, објавија телевизиските мрежи Си-Би-Ес и Си-Ен-Ен. Новите обвиненија би можеле да бидат објавени денеска од страна на обвинителите во Њујорк, објави Си-Ен-Ен. Покрај постојните обвиненија за „наркотероризам“, американските обвинители наводно се подготвуваат да го обвинат Мадуро за „тортура врз американски државјани“ кои биле затворени во Венецуела. Новите наводи се однесуваат на незаконското притворање и мачење на повеќе од десет американски граѓани во венецуелските затвори за време на неговиот мандат.