Македонскиот модел Бојана Нушкова сподели фотографии од необично студиско снимање, во кое главни визуелни елементи се ковчег, црвена роза и црна тантела . Во описот на својата објава на Инстаграм, Нушкова го означи профилот „SXTH SENSE“ и напиша дека „ве враќа во живот“, дополнувајќи со „Halloween edition“ , односно издание за Ноќта на вештерките. На дел од фотографиите таа позира во ковчег обложен со бела ткаенина, со роза во рацете. Стајлингот го сочинуваат тантелен корсет и долна облека со жартиери , надополнети со брановидна коса и темен кармин.