Во животот има моменти за кои секогаѓ ќе паметиме каде сме биле и што сме правеле, и 19 години по Во животот има моменти за кои секогаѓ ќе паметиме каде сме биле и што сме правеле, и 19 години подоцна, таков момент за цели генерации е кога ја дознавме веста дека Тоше Проески повеќе не е меѓу нас, барем физички, бидејќи неговото присуство и натаму силно се чувствува, дури и кај оние кои се родиле по кобниот 16 октомври – 2007 година. Во чест на човекот кој беше повеќе од глас и беше душа која допираше до секое срце, денеска се одбележаа бројни настани, а меѓу нив и оној од кој дел беа најмалечките на една од најубавите патеки до училиште во земјава – „Тоше Проески“, која води од школото „Лазо Ангеловски“. „Тоше те сакаме сите“ – е насловен настанот, а патеката „Тоше Проески“ каде 24 часа 365 дена во годината одекнува неговата музика доби и нов парк.