Српската старлета и поранешна победничка во ријалити, Станија Добројевиќ , повторно се најде на мета на коментари и потсмев, овојпат поради недвижноста што ја поседува во Рума, а која гордо ја претставува како луксузен пентхаус. Станија пред неколку години купила стан за кој, според медиумските написи, издвоила околу 150.000 евра . Во него престојува секогаш кога доаѓа во Србија, а на социјалните мрежи во повеќе наврати се пофалила со неговиот изглед. Сепак, учесниците во ријалити-шоуто „Елита“ имаат поинаква верзија за нејзиниот луксузен дом.