Какви ќе бидат новите насоки за интеграциите во Европската Унија, според претседателот на СДСМ, Венко Филипче,… Какви ќе бидат новите насоки за интеграциите во Европската Унија, според претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ќе се знае кога ќе дојде шефицата на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен и ќе ги соопшти. Тој за „Локално“ изјави дека она што тој го знае и ќе го сподели со јавноста е дека е можно Македонија да остане без буџет од ЕУ. -Можно е да останеме без буџет од ЕУ оти сега кога се прави програмата за следниот седумгодишен буџет нема да има веќе преалоцирање на средства. ЕУ веќе нема да дозволи затоа што тие од ИПА се користат само по заслуга и има многу мала реализација меѓу 40 и 50 проценти, изјави Филипче за „Локално“.